Лука Дончиќ оваа сезона е најголемото откритие во НБА, а со своите настапи во дресот на Далас Маверикс љубителите на кошарката ги остава без текст.
Дончиќ беше трет пик на минатогодишниот НБА драфт од страна на Атланта, но во трејд премина во Далас. Тоа беше одличен потег за Словенецот кој со своите настапи ја воодушеви американската јавност.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој веќе сега е еден од најпопуларните кошаркари во Америка, а тоа најдобро го покажува фактот што Далас сака да го заштити неговиот прекар „Матадор“. Тие веќе поднеле барање и веројатно ќе добијат одобрување.
Во тој случај Далас ќе биде сопственик на прекарот на Дончиќ и во случај Словенецот да ги напушти Маверикс идниот клуб на Дончиќ не ќе може да го користи тој прекар без одобрување од Далас.
Интересно е што ваков прекар во фудбалскиот свет носи напаѓачот на Пари Сен Жермен, Едисон Кавани.
The Mavs have moved to protect Luka Doncic's nickname by filing trademarks on THE MATADOR and EL MATADOR.
The problem for Doncic is the MAVS are claiming ownership of the name.
If Doncic leaves the Mavs he will not own his nickname.
He needs a better trademark lawyer. pic.twitter.com/QXmOR22Lnn
— Josh Gerben (@JoshGerben) January 2, 2019