Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревари.
Далас Маверикс на гости славеше против Милвоки Бакс со 120:116 и поктај тоа што Лука Дончиќ поради повреда не настапи. Маверикс беа предводени од Кристапс Порзингис и Сет Кари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уште во првиот период Далас одлично започна и направи разлика од 36:22. Бакси успеаа да се вратат па гостите од Тексас водеа само три поени на полувреме.
Во продолжение одлично шутираше Сет Кари, па Далас одново направи двоцифрена предност, повторно Милвоки се врати во четвртата четвртина. Бакси дојдоа на -7 кога тројка погоди Кајл Ковер, но потоа две уфрли Порзингис. Тие две тројки на Далас и онаа на Сет Кари подоцна го запечатија триумфот на Маверикс.
Во отсуство на повредениот Дончиќ Порзингис и Кари беа лидери на Далас и двајцата имаа учинок од 26 поени и 12 скокови. Кај Милвоки супер расположен беше Јанис Антетокумпо кој постигна 48 поени.
Шампионот Торонто на домашен терен го совлада Кливленд со 133:113. Рапторси во текот на целиот меч го контролираа резултатот. Одлично шутираа за три поени (16/32), а најефикасен беше Паскал Сијакам со 33 поени. Колин Секстон кај гостите уфрли 25 поени.
Хјустон во победата против Сан Антонио 109:107 го направи најголемото враќање во историјата на франшизата. Рокетси губеа со 19 разлика на полувреме за сето тоа да го надополнат во второто полувреме. На неколку пати Спарсите имаа и 25 поени разлика.
Рокетси во второто полувреме заиграа многу подобро. Во четвртиот и третиот период постигнаа 56 поени, а примија само 35. Во самата завршница одличен беше Џејмс Харден, две важни тројки постигнаа Меклимор и Пи Џеј Такер. Харден натпреварот го заврши со 28 поени, додека Расел Вестбрук имаше 31 поен. Во Сан Антонио Лемаркус Одлриџ постигна 19 поени.
НБА резултати:
Детроит – Вашингтон 119:133
Торонто – Кливленд 133:113
Хјустон – Сан Антонио 109:107
Мемфис – Мајами 118:111
Милвоки – Далас 116:120
Оклахома – Чикаго 109:106
Феникс – Портланд 110:111