Дома Останати Кошарка НБА Далас го доби Хјустон, трипл дабл на Дончиќ, Харден скромен 🎥

Далас го доби Хјустон, трипл дабл на Дончиќ, Харден скромен 🎥

Кошаркарите на Далас Маверикс изминатата вечер на гости го победија Хјустон со 113:100.

Уште еден одличен натпревар одигра Лука Дончиќ кој го водеше Далас до победа во Хјустон. Од самиот почеток гледавме одличен меч и беше јасно дека не очекуваат возбудувања.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас одлично го отвори натпреварот и после првата четвртина гостите имаа предност од 33:21. Тие успеаа и во продолжение да ја одржат истата резултатска предност, а на пауза се замина со резултат 61:49 за гостите.

Хјустон во продолжение од натпреварот се обиде да го сврти резултатот во своја корист, но едноставно немаа решение за одличниот Далас кој до новата победа го предводеше неверојатниот Дончиќ. На крајот гостите славеа со резултат 113:100.

Дончиќ натпревар го заврши со трипл-дабл учинок од 33 поени и додаде уште 16 скокови и 11 асистенции. Во овој тим се истана и Тим Хардвеј со 30 поени.

Кај Хјустон најефикасен беше Кристијан Вуд со 23 поени, додека Џејмс Харден имаше скромна ноќ со 21 поен.

Треба да се издвои и одличниот меч на Бостон, на гости тие го совладаа Торонто со 126:114. Гостите до победата ги предводеше одличниот Џејсон Татум со 40 поени, а во домашниот тим се истакна Фред Ван Влет со 35 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…