Дома Останати Кошарка НБА Далас без Дончиќ го изнамачи Лејкерси, трипл-дабл на Јокиќ во поразот на Девнер 🎥

Далас без Дончиќ го изнамачи Лејкерси, трипл-дабл на Јокиќ во поразот на Девнер 🎥

Лос Анџелес Лејкерси се радуваа на тесна победа против Далас Маверикс (107:104).

Далас играше без најдобриот Лука Дончиќ, но и така успеаа да ги изнамачат Лејкерси кои до победата дојдоа дури во продолжението. Далас беше предводен од Брунсон кој постигна 25 поени, Порзингис стигна до дабл-дабл од 23 поени и 12 скока. На спротивната страна кај Лејкерси Леброн Џејмс постигна 24 поени, Вестбрук имаше 23 поени и 10 скока, солиден беше и Ентони Дејвис со 20 поени и 12 скока.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Денвер Нагетс беше поразен од Минесота со 107:123. Кај домаќините расположен беше Никола Јокиќ кој стигна и до трипл-дабл од 27 поени, 10 скока и 11 асистенции, но и таков Јокиќ не беше доволен. Кај Мемфис се истакна Едвардс со 38 поени, а 32 уфрли Таунс.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Хјустон 124:89, Орландо – Атланта 99:111, Филаделфија – Мајами 96:101, Далас – Лејкерси 104:107 (пп), Милвоки – Индијана 114:99, Оклахома – Њу Орлеанс 110:113, Сан Антонио – Шарлот 114:131, Денвер – Минесота 107:124, Портланд – Мемфис 103:113, Сакрмането – Вашингтон 119:105, Јута – Клиперс 124:103.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…