Главни трансфер цели на Јувентус во летниот преоден рок се Стивен Нзонзи и Даглас Коста, а последните информации од Апенините велат дека Бразилецот ја шокирал „старата дама“ со своите барања.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, Јувентус започнал преговори со Баерн Минхен за трансфер на Даглас Коста, а „Скај Спорт“ пренесува дека Баварците за неговата слобода бараат 50 милиони евра, што може да биде пречка за реализирање на трансферот.
Сепак, поголем проблем за „бјанконерите“ претставуваа барањата на самиот фудбалер. Имено, Бразилецот бара четиригодишен договор и плата од 7 милиони евра по сезона, исто колку што во моментот заработува најплатениот играч на Јувентус, Гонзало Игуаин.
Јувентус не е спремен да му понуди повеќе од 5 милиони евра по сезона, па медиумите тврдат дека трансферот на Даглас Коста во Јувентус во моментов е под голем знак прашалник.
Што се однесува до Нзонзи тој веќе постигна договор со „старата дама“, па сега останува уште двата клуба да се договорат за обештетувањето.