ФК Брегалница го ангажираше првото ново име за следната натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига, голманот Мартин Давков.
По заминувањето на Давид Денковски, 24-годишниот Давков повторно се враќа во својата Брегалница од каде фудбалски потекнува. Денковски во овој преоден рок се пресели во редовите на Шкупи, па Давков сега се враќа меѓу „сините“. Прв голман на Брегалница е Црногорецот Немања Шчекиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Давков настапуваше за Брегалница до 2020 година, потоа две сезони мина во Кит Го Пехчево, за да минатата сезона биде дел од кавадаречки Тиквеш, од каде сега повторно се враќа меѓу „сините“.
Брегалница подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ги почнува на 26. јуни.