Пред натпреварот против Македонија, селекторот на германската репрезентација потврди дека Илкај Гундоган ќе биде капитен во отсуство на Мануел Ноер и Тони Крос.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германија одлично ги отвори квалификациите за СП со две стартни победи, а утре ја пречекува селекцијата на Македонија во Дујзбург.
Гундоган пред мечот истакна дека сака максимален ефект од првите три дуели во групата.
„Задоволен сум со двете победи на стартот на квалификациите. Затоа е многу важно да победиме и на третиот натпревар против Македонија. Нашата цел е да имаме максимални девет бодови после првите три меча“, истакна Гундоган.