Илкај Гундоган влезе во последната година од договорот со Манчестер Сити и на лето ќе биде слободен агент.
Германските медиуми пренесуваат дека нема најави за продолжување на соработката со „граѓаните“, а целата ситуација будно ја следат Баерн Минхен и Ливерпул.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Баварците и во минатото го сакаа германскиот репрезентативец, а сега гледаат идеална шанса да го доведат на „Алијанц Арена“.
Клоп сака повторно да соработува со Гундоган, но тој јавно потврди дека никогаш не би потпишал за Ливерпул поради почит кон Манчестер Сити.
Поради тоа Баерн важи за фаворит за неговиот потпис, а Баварците веќе стапиле во контакт со неговиот агент.