Дома Фудбал Грузијците тренираа на Арената, со комплетниот ростер влегуваат во натпреварот (ФОТО)

Грузијците тренираа на Арената, со комплетниот ростер влегуваат во натпреварот (ФОТО)

Македонија и Грузија утре ќе се сретнат во рамките од третото коло во Лигата на Нации. Грузија во овој натпревар влегува како лидер на табелата со шест освоени бодови, додека ние сме второпласирани со четири.

Денес Грузијците го имаа и официјалниот тренинг кој го одработија на Арената „Тодор Проески“. Како што најави селекторот Вили Сањол на прес-конференцијата пред овој дуел во овој натпревар влегуваат без проблеми со повреди со комплетниот ростер на располгање.

Натпреварот помеѓу Македонија и Грузија е во терминот од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барбарез повика 17-годишен голгетер: Во Декет го гледаат наследникот на Џеко

Матеј Декет првпат доби место во сениорската репрезентација на БиХ, откако со головите за …