Италијанецот Фабио Гросо повеќе не е тренер на Лион откако доби отказ од функцијата поради слабите игри и резултати.
Пред два месеци Гросо го наследи Лорен Блан на клупата, меѓутоа разочарувачките настапи на Лион продолжија и тимот остана закован на дното. Гросо победи само еднаш и тоа на гости против Рен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Отказот за Гросо дојде по поразот на последниот домашен натпревар од Лил кога веќе беше јасно дека ќе следи разделба.
Привремено екипата ќе биде предводена од Пјер Саж кој во последните месеци ја завршуваше функцијата директор на тренинг-центарот на Лион. Новиот тренер би требало да биде назначен во текот на наредната недела. Викендов Лион го очекува натпревар против Ленс.