Дома Македонски спорт Мак фудбал Грнчаров: Со нашите „Комити“ нема цел што не може да ја оствариме!

Грнчаров: Со нашите „Комити“ нема цел што не може да ја оствариме!

Со многу неизвесност и проблеми Вардар најдоцна од сите екипи започна со подготовките за вториот дел од сезоната во која ќе се обиде да се врати во прволигашкото друштво.

За викендот вардарци ќе играат против Арсими и ова ќе биде натпревар во кој треба да се види како ќе функционира екипата која претрпе прилично големи промени во пролетниот дел од сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


“Без оглед на состојбата во клубот со која се соочуваме периодов, подготвени и мотивирани го дочекуваме почетокот на вториот дел од првенството во ВМФЛ и натпреварот против Арсими утре од 14 часот. Максимално верувам во квалитетот и карактерот на овие момци и убеден сум дека и покрај сите проблеми со кои се среќаваме ќе бидеме фокусирани и желни да успееме во својата цел која останува непроменета, да го вратиме најтрофејниот клуб во Македонија таму каде што припаѓа. Сочуван е голем дел од екипата и квалитетно засилен на одредени позиции.

Почнувајќи од утрешниот натпревар секој следен ќе биде финале за нас, и токму на таков начин ќе пристапуваме кон секој предизвик.Сите играчи се здрави и во комбинација за натпреварот, со исклучок на Дарко Размоски кој одработува суспензија поради картони.

Ги поканувам сите навивачи на Вардар во што поголем број да дојдат утре од 14 часот на стадионот во Автокоманда и да ги поддржат овие момци, со нашите Комити зад нас не постои цел која не можеме да ја оствариме, а ние ќе се оддолжиме со пристап на теренот достоен за најтрофејниот клуб во државата”, изјави Грнчаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…