Антоан Гризман беше херој на Атлетико Мадрид во финалето од Лигата на Европа против Марсеј (0:3) со два постигнати погодоци.
Неговата откупна клазула во договорот до 2022 година изнесува 100 милиони евра, а од Барселона се спремни да платат и 115 милиони евра за да го добијат пред Светското првенство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За ситуацијата со Гризман зборуваше и директорот Мигел Анхел Гил Марин.
„Се всушност ќе зависи од неговите чуства и тоа што тој сака. Ако сака со Атлетико може да испишува историја и да биде во клуб во кој се ќе се врти околу него или пак да замине некаде каде што ќе биде само еден играч на тимот“, изјави директорот на Атлетико.
„Ако одлучи дека не сака да биде повеќе кај нас ќе ја почитувам неговата одлуката. Не сум оптимист, ниту песимист. Не знам што ќе се случи, но такви одлуки не се носат после освоена титула“, заклучи Марин.