Дома Фудбал Гризман: Да освојам ЛШ со Барса, за да ги заборавам загубените финалиња со Атлетико!

Гризман: Да освојам ЛШ со Барса, за да ги заборавам загубените финалиња со Атлетико!

Најскапата аквизиција на Барселона ова лето Антоан Гризман зборуваше за тешките моменти низ кои поминал и предизвиците против кои се испратил во кариерата.

Гризман во Атлетико Мадрид се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери во светот и ова лето за 120 милиони евра премина во редовите на Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„На почетокот беше многу тешко. Се обидував да влезам во школите на некои клубови, но безуспешно. Не ме сакаа бидејќи бев со мал раст. За мене тоа беше проблем, иако имав талент. На крајот со помош на татко ми успеав да влезам во школата на Реал Сосиедад“, објаснува Гризман.

„Потоа имав среќа да направам трансфер во Атлетико каде учев од Симеоне. Благодарение на него стигнав до едно повисоко ниво. Таму никогаш нема ден за одмор, многу се работи на физичка и тактичка спремност“, открива Французинот.

„Многу беше тешко да промашам пенал во финалето од Лигата на шампиони, а потоа загубив и финале на Европското првенство со репрезентацијата. Ако освојам ЛШ со Барселона ќе ги забиравам загубените финалиња со Атлетико“, тврди Гризман.

„За мене е чест што ќе можам да играм во Барселона. Многу сум среќен и јас и моето семејство. Ова се мои први денови во клубот и се обидувам да се прилагодам на тренинзите и на новите соиграчи“, заврши Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто во Серија А не се случило повеќе од половина век

Интер вчера со победата против Милан го потврди Скудетото кое го освои заслужено по сезона…