Дома Фудбал Англија Грешка на векот? Фергусон во 1995 година одбил да ја купи фудбалската легенда

Грешка на векот? Фергусон во 1995 година одбил да ја купи фудбалската легенда

Култната менаџерска икона од тренерската клупа на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, во 1995 година веројатно ја направил една од најголемите грешки во својата фантастично богата тренерска кариера.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што тврди поранешниот челник на клубот од „Олд Трафорд“, Мартин Едвардс, Фергусон во 1995 година одлучил да не го реализира трансферот на Зинедин Зидан.

Во тоа време 23-годишниот Зидан играше за Бордо, а две години подоцна во дресот на Јувентус стана најдобар играч во светот.

„Кога Зидан играше во Бордо добивме понуда да го купиме и тоа му го кажав на Фергусон. Тој ми кажа дека Кантона му зборувал за тој млад фудбалер, но знаел дека двајцата играат на иста позиција. Тогаш сакавме да го вратиме Кантона по суспензијата и Фергусон веруваше дека трансферот на Зидан ќе биде погрешен. Тоа беше грешка, но се случува“, рекол Едвардс.

Фергусон во едно интервју истакна дека најголема грешка во кариерата му е продажбата на холандскиот дефанзивец Јап Стам во Лацио, во 2001 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Избегната е голема несреќа во срцето на Европа: Натпреварот мораше да биде прекинат (Видео)

Пријателскиот натпревар меѓу Унгарија и Казахстан, одигран во Дебрецен, остана во сенка на…