Дома Топ вести Грешка која скапо се плаќа: Мбапе бил пред потпис во Барселона, но…

Грешка која скапо се плаќа: Мбапе бил пред потпис во Барселона, но…

Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Бартомеу откри дека Килијан Мбапе во минатото бил пред трансфер на „Камп Ноу“.

Откако Нејмар се пресели во ПСЖ, Барселона беше во потрага по негова замена, а Мбапе беше на врвот на листата желби.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот претседател на тимот откри дека имале договор со Мбапе, но тогашните тренери сакале во тимот да го видат Осман Дембеле, кој беше платен 135 милиони евра на Борусија Дортмунд.

„Договорот со Мбапе беше на маса, но тренерите го сакаа Дембеле, кој можеше да покрие повеќе позиции на теренот“, вели Бартомеу.

Мбапе една година подоцна се приклучи на ПСЖ и стана еден од најдобрите фудбалери во светот, додека Дембеле никогаш не ги оправда очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…