И Град Скопје исто така ќе го награди освојувачот на медал од Олимписките игри во Токио Дејан Георгиевски.
На иницијатива на првиот човек на градот Петре Шилегов Град Скопје ќе додели парична награда на Георгиевски во износ од 300.000 денари. На следната седница оваа одлука ќе биде ставена на дневен ред.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Георгиевски денес пристигна во Скопје, следуваше прес-коференција со неговиот тим и претседателот на АМС, Наумче Мојсовски, додека главниот пречек е закажан за вечерва во 19:30 часот на плоштадот во Скопје.
Ќе потсетиме дека пред Георгиевски Македонија на медал на едни олимписки игри се израдува пред 21 година.