Винисиус Јуниор е во центарот на вниманието послеинтервју за „Си-Ен-Ен“ кое го искористи за повторно да зборува за расизмот во оваа земја.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот крена голема прашина со изјавата дека на Шпанија треба да и биде одземена организацијата за Светско првенство поради расизам.
Градоначалникот на Мадрид Алмеида смета дека малку претерал во своите изјави и побара веднаш да се извини.
„Во борбата против расизмот Винисиус доби поддршка од голем број Шпанци и ние сме на негова страна кога не нарекува расисти. Барам веднаш да се извини за својата изјава. Ако е добар фудбалер, не значи дека смее да прави вакви грешки. Треба да е благодарен и воодушевен што живее во еден од најубавите градови во светот. Во Мадрид никој не го прашал од каде е, ниту пак го навредил“, изјави Алмеида.