Дома Трансфер зона Го раскина договорот со Тотенхем, сега потпишува за Арсенал

Го раскина договорот со Тотенхем, сега потпишува за Арсенал

Серж Орие пред две дена спогодбено го раскина договорот со Тотенхем и кариерата може да ја продолжи во најголемиот ривал.

Орие имаше договор до крајот на актуелната сезона, но двете страни одлучија спогодбено да ја раскинат соработката, бидејќи фудбалерот не беше во плановите на тренерот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат островските медиуми интерес за него покажуваат неколку клубови, но најсилен е интересот на Арсенал.

„Топџиите“ се ослободија од Белерин и сметаат дека Орие ќе биде одлично засилување за десната бековска позиција, особено поради фактот што е слободен агент.

Доколку потпише за Арсенал, сигурно ќе го навлече гневот на фановите на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…