Кристиано Роналдо ова лето премина во Јувентус, сите очекуваа нова ѕвезда на светскиот фудбал да го замени во Мадрид, но Перез не доведе никого, а до крајот на преодниот рок во Шпанија нема уште многу време,
По заминувањето на Португалеот улогата на лидер во новиот тим на Реал ја превзема Герет Бејл, кој беше толку многу оспоруван во присуство на Роналдо и никако не успеваше да излезе од неговата сенка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Може ли сега Велшанецот да ја превземе улогата на Роналдо?
Бројките велат – МОЖЕ! Имено, Велшанецот на последните девет натпревари за Реал Марид постигна девет погодоци, а упатил 23 удари. На Роналдо во просек му беа потребни 4.7 удари кон голот за да биде „добитен“, на Бејл му се потребни 2.5.
Сега кога го нема Роналдо, Бејл ќе добие поголем простор во нападот што сигурно ќе влијае на неговото задоволство за кое зборуваше Лопатеги.
„Тој тренира со толку големо задоволство, среќен е како мало дете“, изјави Лопатеги за Бејл.
Она што е многу важно за Бејл е фактот што се опорави од повредите, од декември месеци нема никакви проблеми со повредите.