Дома Фудбал Го исполни тоа што го вети: Пике купи клуб!

Го исполни тоа што го вети: Пике купи клуб!

pique

Тоа што го вети и го исполни!

Жерар Пике во разговор за „Л’Eкип“ пред неколку недели најави дека ќе купи клуб, но не сакаше да открие кој додека работата не биде завршена. Сега е се познато, заедно со Космос групата, фудбалерот на Барселона го купи клубот Андора, единствениот полупрофесионален клуб во оваа држава и единствен кој од оваа мала пиринејска земја игра во Шпанија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој ќе стане професионален клуб, во овој момент играат во најсилната каталонска лига, тоа е петти ранг на натпреварување во Шпанија, една 19-те регионални лиги.

До Секунда Б, односно третата лига ги делат два ранга, овој клуб од 1989 година до крајот на векот беше третолигашм дури во 1994 го освоија и купот на Каталонија.

Имаат стадион за 1000 луѓе, кон средината на 90-тите стигнаа до осминафиналето во Кралскиот куп. Тоа практично е репрезентација на Андора со оглед на тоа што имаат девет репрезентативци на оваа земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…