Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Го излажала шефот дека е болна, па ја виделе како го слави голот за Англија – добила отказ!

Го излажала шефот дека е болна, па ја виделе како го слави голот за Англија – добила отказ!

Англичанката Нина Фароки останала без работа само еден ден подоцна откако Англија се пласираше во големото финале на Европското првенство.

Нина го излажала шефот дека е болна, а всушност со своите пријатели успеала да дојде до билет за натпреварот од полуфиналето на Еуро против Данска. Таа е од Бредфорд и се упатила за Лондон за на „Вембли“ во живо да го гледа еден од најважните натпревари во историјата на Англија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И се ќе поминело во најдобар ред ако камерата не ја фатила како слави после автоголот на Кјаер. Таа слика ја виделе милиони гледачи меѓу кои за нејзина несреќа бил и нејзиниот шеф.

„Ова се возбудливи моменти за цела Англија, но за жал вработената не излажа дека еболна и го прекрши договорот за работа, па немавме друго решение освен да ја отпуштиме. Нашата компанија на сите ќе им даде слободно утро во понеделник ако Англија успее да не направи сите среќни во недела“, изјави шефот на компанијата Стивен Тејлор.

Од друга страна Нина иако добила отказ среќна е што имала прилика да биде „Вембли“.

„Ми кажаа дека ме виделе на натпреварот и искрено им кажав зошто го направив тоа, но не сакаа да ми простат. Тоа е нивна одлука и последица на мојата постапка, малку ми е жал, но повеќе ќе жалев ако ја пропуштев приликата да бидам на „Вембли““, изјави Нина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…