Дома Фудбал Го забележавте моментот кога Мане му удри шамар на Видал? (ВИДЕО)

Го забележавте моментот кога Мане му удри шамар на Видал? (ВИДЕО)

Вчера Барселона во второто полуфинале од Лигата на шампионите беше подобра од Ливерпул со 3:0.

Каталонците славеа со високи 3:0, но се добива впечаток дека тоа е незаслужено и дека гостите заслужија да постигнат најмалку еден гол. Од почетокот гледавме отворен и напаѓачки фудбал, но сепак на крајот Барселона обезбеди одлична предност пред реваншот.

На овој натпревар во судиското продолжение се случи еден интересен детал кој многумина не го забележаа. Видал во шеснаесетникот го сруши Мане, гостите протестираа, но Кјуперс одмавна со раката. Тоа го налути Сенегалецот кој потоа му удри шамар на Видал откако овој го тапкаше по главата.

Тој интересен момент погледнете го во видеото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЦСКА доби дом од 45 милиони евра, но на отворањето недостигаа голови

Обновениот стадион „Бугарска армија“ ги исполнува условите за четвртата категорија на УЕФА…