Во првите четири финални натпревари во финалето на Истокот видовме сигурна игра на домаќините и по две победи за Торонто и Милвоки, а сега следуваше брејк во петтиот натпревар.
Торонто успеа да го изненади Милвоки и славеше со резултат 99:105 за водство во серијата од 3:2.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каваи Ленард беше тој кој ги „влечеше“ Рапторси и натпреварот на крајот го заврши со 35 поени, девет асистенции и седум скокови.
Посебно важни беа неговите пет поени при резултат 79:81 за Милвоки после што Торонто направи предност од 81:89.
Сепак, на две минтуи до крајот гостите имаа 95:96 за Гасол и Сиакам да ги одведат Рапторси на 97:102 и тука беше крајот.
Покрај Ленард беа Ван Влет со 21 уфрлен поен (седум тројки), Ловри натпреварот го заврши со 17 поени, додека Сиакам имаше 14 поени и 13 скокови. Пауел додаде осум, Ибака шест, Гасол четири и Грин беше без поени.
На другата страна Јанис Антетокумпо натпреварот го заврши со 24 поени и шест скокови и асистенции и тоа откако дозна дека е избран за најдобрата петорка во НБА лигата.
Бледсо додаде 20 поени, Брогдно 18 поени и 11 скокови, но направи и грешка во финишот кога Сиакам погоди за +5. Лопез имаше 16 поени и осум скокови, Хил 12 и осум скокови, додека Мидлтон оствари учинок од шест поени и 10 скокови и исто толку асистенции.
Наредниот натпревар кој може да биде последен се игра во Торонто.
https://youtu.be/DmznKoxsaCc