Дома Македонски спорт Мак фудбал Гоце Седлоски повеќе не е тренер на Шкупи!

Гоце Седлоски повеќе не е тренер на Шкупи!

Македонскиот актуелен шампион, Шкупи по вторпат сезонава се раздели со тренерот Гоце Седлоски.

По една криза на резултати на почетокот на сезоната во Чаир одлучија да го отпуштат Седлоски, но само неколку дена подоцна, македонскиот стратег беше вратен на кормилото.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега откако не успеа да ја симне Струга која на врвот има четири бода предност пред чаирачни, повторно добива отказ. Отказот за Седлоски доаѓа во време на репрезентативната пауза, па така управата ќе има околу две недели да пронајде нов стратег.

Интересно е што и кај лидерот на табелата, Струга Трим Лум неодамна дојде до промена, па Срѓан Захриевски беше наследен од Шпетим Дуро.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…