Oд редовите на Вардар утрово потврдија дека Гоце Седлоски е нов шеф на стручниот штаб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Седлоски во Вардар пристигнува на местото на Срѓан Захариевски и ќе биде четврти тренер од почетокот на сезоната.
„Вардар го назначи Гоце Седлоски за нов шеф на стручниот штаб на клубот“, потврди Вардар.
Горзад Михаилов, Гоце Петрески и Захариевски беа тренерите кои го предводеа Вардар од почетокот.
За Седлоски ова е враќање во Вардар каде што во минатото исто така беше тренер, а своевремено ја извршуваше и улогата на спортски директор.