Готово е! Детето на Арсенал го напушта Лондон.
Џек Вилшер ја одби понудата од Арсенал да остане, сумата која му беше понудена ја означи како понижувачка во споредба со некои други членови на клубот, па клубот ќе го напушти како слободен играч.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Преговараше со клубови од Италија, се споменуваше Јувентус, ги одби Вест Хем и Кристал Палас, сакаше да ја напушти Премиер лигата.
На крјаот ја избра Турција!
Имено, Англичанецот кој отпадна од списокот на репрезентацијата со семејството замина во Инстанбул каде што се договори со Фенербахче, му беше претставен градот и клубот. Засега не се споменува сума, но Турците сигурно нема да се штедат, го доведоа Филип Коку за тренер, а интересно е што играчот токму во друштво со новиот тренер замина за Турција.
Да потсетиме, Вилшер во Фенербахче ќе му се придружи на нашиот Елиф Елмас.