Дома Трансфер зона Готово: Решена судбината на Бакајоко!

Готово: Решена судбината на Бакајоко!

Тиму Бакајоко пред почетокот на сезоната пристигна во Милан на позајмица од Челзи и полека се етаблираше во клучен фудбалер на „росонерите“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанскиот гигант има опција да го откупи 24-годишниот Французин на крајот на сезоната за 35 милиони евра.

Денешното издание на „Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ донеле конечна одлука и сигурно ќе го откупат договорот на Бакајоко.

Бакајоко имаше тежок почеток на сезоната во Милан и најпрво беше резерва, но потоа доби шанса и ги покажа сите свои квалитети. Тој е клучен играч во формацијата на Гатузо, а притиа стана и миленик на фановите.

Поради тоа Милан одлучи да го задржи Французинот во своите редови, а многу веројатно е зделката да биде финансирана од продажбата на Франк Кеси, кој може да го напушти „Сан Сиро“ за 40 милиони евра.

Од друга страна миланскиот гигант започна преговори за продолжување на соработката на Лукас Биља, кој пропушти значаен дел од сезоната поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…