Италијанските медиуми тврдат дека ѕвездата на Арсенал, Арон Рамзи од следната сезона ќе го носи дресот на Јувентус.
Иднината на Рамзи веќе подолго време е главна тема бидејќи неговиот договор со Арсенал истекува и тој на лето ќе биде слободен играч.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многу европски гиганти го посакуваа неговиот потпис, но Јувентус ја победи конкуренцијата со понуда од 10 милиони евра по сезона.
Последната информација е дека Рамзи веќе се договорил со „старата дама“ и во јануари ќе стави потпис на преддоговор, а следното лето ќе пристигне како слободен агент.
Така Јувентус втора година по ред ќе го засили средниот ред без да плати ниту едно евро. Минатото лето во Торино пристигна Емре Чан од Ливерпул, исто така како слободен агент.