Човекот кој помина осум години во Барса ја одби и последната понуда, се советувал и со Лионел Меси…
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Повеќе нема никакви дилеми Хавиер Маскерано ја напушта Барселона.
„Пакмен“ или „Хефесито“ како што го нарекуваа во Каталонија после осум години заминува од Барселона и таа одлука нема да ја промени ниту после повредата на Умтити. Тој е цврст во намерата да замине, разговарал и со Меси кој го подржал во одлуката.
Маскерано на 31 јануари ќе ја напушти Барселона, има две опции, една е кинескиот Хебеи Фортун, а втората е враќање во Аргентина.
Сепак поблиску е до првата оцпија, во прашање се пари. Бидејќи, Маскерано во Барса добива 4.5 милиони евра, а Хебеи е спремен да му даде и три пати поголема плата.
Менаџер на овој клуб е Мануел Пелегрини, Хебеи оваа сезона заврши како четврти, а за наредната сезона имаат големи амбиции.