Дома Топ вести Готово: Познат новиот клуб на Санчо

Готово: Познат новиот клуб на Санчо

Англиските медиуми се сигурни дека Џејдон Санчо на крајот на сезоната ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Санчо во германскиот клуб пристигна во 2017 година од Манчестер Сити и блесна во дресот на „милионерите“. Овој 20-годишен офанзивен фудбалер воодушеви со своите настапи и се најде на мета на многу европски гиганти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа сезона Англичанецот одигра 30 меча за Дортмунд на кои постигна 16 гола и запиша 17 асистенции. Тој има договор со „милионерите“ до јуни 2022 година, но се шпекулира дека ова лето сигурно ќе ја промени средината.

Санчо има желба да се врати во Премиер лигата, да му докаже на Сити дека направиле грешка што не му дадоа шанса во првиот тим. Овој 20-годишник се поврзува со Ливерпул и Челзи, но многумина веруваат дека изборот на крајот ќе падне на Манчестер Јунајтед.

„Мирор“ утрово пишува дека Санчо веќе им открил на своите пријатели дека ќе се врати во Манчестер, но не во Сити, туку во Јунајтед. Наводно, тој веќе постигнал договор со „црвените ѓаволи“ и сега чека летен рок да стане официјално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …