Дома Трансфер зона Готово: Познат новиот клуб на Дани Олмо

Готово: Познат новиот клуб на Дани Олмо

Играчот на Динамо Загреб и шпански репрезентативец, Дани Олмо е главна ѕвезда во зимскиот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот фудбалер воодушеви со своите игри на „Максимир“ и е мета на многу европски гиганти, а последните информации се дека е познат неговиот нов клуб.

За Олмо силен интерес покажуваат Милан и Барселона, кои испратија понуда и се очекуваше Шпанецот да заврши во еден од овие два фудбалски гиганти.

Меѓутоа, во трката за неговиот потпис се вклучи и Лајпциг, кој постигна договор со Динамо Загреб, па Шпанецот ќе се пресели во редовите на лидерот во Бундеслигата.

Се договараат само последните детали од трансферот. Лајпциг за потписот на Олмо ќе плати 18 милиони евра веднаш, а со бонуси трансферот може лесно да достигне до 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…