Дома Трансфер зона Готово: Пепе го избра Арсенал, доаѓа на прегледи во Лондон!

Готово: Пепе го избра Арсенал, доаѓа на прегледи во Лондон!

Ѕвездата на Лил, Николас Пепе конечно го избра својот следен клуб и кариерата ќе ја продолжи во Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пепе имаше понуди од четири клубови, меѓу кои најконкретни беа Наполи и Арсенал, па 24-годишниот напаѓач на крајот одлучи да се пресели на „Емирати“. Одлучувачки фактор беше што „топџиите“ му понудија 1 милион евра поголема плата од „наполитанците“.

Арсенал за неговиот потпис ќе плати неверојатни 80 милиони евра, па Пепе ќе стане најскапиот играч во историјата на „топџиите“.

„Скај Спорт“ тврди дека договорени се сите детали, па играчот во следните два дена треба да пристигне во Лондон на лекарски прегледи и да стави потпис на 5-годишен договор.

Пепе беше вистинска сензација минатата сезона во Лил и постигна 22 гола, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…