Дани Олмо се враќа во својата Барселона.
Како што објави Фабрицио Романо, Барселона и РБ Лајпциг денеска постигнаа договор вреден 55 милиони евра + седум преку бонуси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дани Олмо од поодамна ги договори сите лични услови за договор до летото 2030 година и до крајот на неделата ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише за клубот во кој израсна.
Олмо беше голема желба на Ханси Флик, бидејќи може да ги покрие практично сите позиции во нападот, но и во офанзивниот дел од средниот ред.
Барселона се поврзуваше и со Нико Вилијамс, но тој на крајот одлучи да не го напушти Атлетик Билбао ова лето (ТУКА).