Дома Топ вести Крај на сагата: Познато каде ќе игра Нико Вилијамс следната сезона

Крај на сагата: Познато каде ќе игра Нико Вилијамс следната сезона

Нико Вилијамс долго време се поврзуваше со Барселона, но на крајот и во новата сезона ќе го гледаме во Атлетик Билбао.

Посебно внимание Вилијамс привлече по одличното Европско првенство, Барселона најмногу се поврзуваше со неговото име, но и ПСЖ беше во игра. Во неговиот договор има клазула од 58 милиони евра и тоа не е проблем за гигантите, па така одлуката беше само негова.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Преку видео на социјалните мрежи Вилијамс потврди дека е среќен во Атлетик.

„Се вратив и едвај го чекам почетокот на новата сезона. Напред Атлетик“, зборува Вилијамс во видеото.

Сега Барселона веројатно ќе се фокусира на неговиот соиграч од репрезентацијата Дани Олмо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …