Шпанецот ја заврши работата, Рома добива големо засилување!
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Искрено, ваков расплет може да се смета за изненадување.
Капитенот на Порто, Ектор Ерера беше на мета на многу клубови, но на крајот ќе заврши во Рома.
Неговиот договор истекува во јуни, а веќе од јануари може да бира каде да ја продолжи кариерата, се очекуваше да го избере англиското првенство, но на крајот тој изненади.
Во прашање е играч кој долго е на големата сцена, Мексиканецот веќе пет години е во Европа и може да игра на повеќе позиции во средниот ред.
Пеп Гвардиола беше воодушевен од неговите квалитети.
„Тој изгледа слабо, но кога играте против него гледате дека има неверојатна трансформација, брз е и силен во дуел, не паметем некој така да ме изненадил“, зборуваше Каталонецот уште додека го водеше Баерн.
Рома секако добива големо засилување и вистинска замена за Наинголан кој им недостасува оваа сезона.