Дома Топ вести Готово: Најбараниот млад фудбалер ја избра Борусија Дортмунд

Готово: Најбараниот млад фудбалер ја избра Борусија Дортмунд

Младата ѕвезда на Салцбург, Карим Адејеми е пред трансфер во Борусија Дортмунд, пренесуваат германските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


19-годишниот Адејеми блеска во дресот на Салцбург и го привлече вниманието на многу европски гиганти, кои сакаа да го доведат во своите редови.

Последните информации се дека напаѓачот ги одбил сите понуди и одличил кариерата да ја продолжи во Борусија Дортмунд.

Адејеми веќе дебитираше за германската репрезентација и му се предвидува блескава иднина, а „милионерите“ во него гледаат идеален наследник на Ерлиг Халанд, кој на лето најверојатно ќе направи трансфер.

Адејеми преферира преселба во Борусија Дортмунд, бидејќи смета дека тоа е идеално место за развој на млади играчи и недостасуваат само детали за реализација на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…