Успеаа да го украдат од „пред носот“ на Челзи!
Како што пишуваат италијанските медиуми претставниците на Наполи допатувале во Ница.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубот одлучил да ја плати клазулата од 40 милиони евра за Жан Мишел Сери и Африканецот ќе стане нов фудбалер на италијанскиот вицешампион.
Тој се договори со клубот од Неапол и касата на Ница ќе биде побогат за 40 милиони евра. Сери во тимот на Наполи ќе го замени, Жоржињо кој многу веројатно ќе се пресели во редовите на Манчестер Сити.
Манчестер Сити за Бразилецот кој настапуваше за Италија ќе плати сума помеѓу 50 и 60 милиони евра.
Сери е идеална замена за Жоржињо. Тој е сличен тип на играч, го споредуваат со Чави, а дури и Барса се обидуваше минатото лето да го доведе.