Дома Фудбал Италија Готово: Милан од денес е во рацете на фондот „Елиот“ – ова се можните сценарија

Готово: Милан од денес е во рацете на фондот „Елиот“ – ова се можните сценарија

Италијанските медиуми пренесуваат дека инвестицискиот фонд „Елиот“ денес започнал процедура за преземање на акциите на клубот, која би требало да биде финализирана во рок од 3-7 дена.

Актуелниот сопственик Јанхонг Ли не го врати долгот кон „Елиот“ од 415 милиони евра во договореното време, па според договорот сега инвестицискиот фонд ќе ја преземе контролата над клубот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Утрово е покрената судска постапка за префрлање на сопственоста, која би требало да се заврши во рок до 3-7 дена.

Ова нема да има големи импликации во работењето на клубот бидејќи плановите на „Елиот“ се да го валоризира клубот и неговиот бренд, па да го продаде на трето лице во следните месеци.

Имено, „Елиот“ веднаш ќе уплати 150 милиони евра на сметката на Милан кои ќе бидат искористени за трансфер пазарот и идните предвидени трошоци на италијанскиот клуб. Во меѓувреме веќе започна преговори со неколу заинтересирани страни кои сакаат да го купат Милан.

Станува збор за двајца американски милијардери Рикетс и Рос, како и две арапски понуди, едната од кралската фамилија на Саудиска Арабија, а другата од Абу Даби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…