Манчестер Сити веќе почна да го составува тимот за следната сезона. Иако е само февруари, управата на тимот од Англија веќе го договори првото засилување за следната сезона.
Станува збор за фудбалер кој моментално игра во најголемиот хит кога е европскиот фудбал во прашање. Секако, станува збор за тимот на Џирона, чии играчи привлекоа големо внимание.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во редовите на Џирона е Бразилецот Савио Мореира кој има 19 години и е позајмен од францускиот второлигаш Троа. Тој нема да се врати таму бидејќи ќе биде жител на Етихад почнувајќи од следната сезона.
„Манчестер Сити го договори доаѓањето на Савио следното лето. Документите ќе бидат потпишани во наредните денови.
И покрај понудите од Германија и некои други клубови од Англија, Савио го избра Манчестер Сити, што е природно со оглед на тоа дека двата клуба имаат исти сопственици.
Тој е 100% фокусиран на Џирона до крајот на сезоната“, напиша Фабрицио Романо.
🚨🔵🇧🇷 EXCLUSIVE: Manchester City agree deal to sign Sávio from parent club Girona in the summer.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) February 5, 2024
Documents to be signed in the next days.
Despite bids from German and English clubs, Sávio will join #MCFC.
He’s now 100% focused on Girona to end the season in the best way. pic.twitter.com/oCDNy5d6Eo