Уругваецот Луис Суарез со сигурност ќе го напушти бразилскиот Гремио, потврди тренерот на овој клуб.
Заминувањето на Суарез беше најавено од претходно, а сега тоа го потврди тренерот Ренато Гаучо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тажно е за сите, Суарез многу ни помогна, навивачите брзо го засакаа. Во некои ситуации сакав да му дадам одмор од натпреварите или тренинзите, меѓутоа тој е голем професионалец и секогаш инсистираше да биде на теренот со соиграчите и да игра во исто темпо. Нормално дека многу ќе ни недостасува, замена тешко ќе можеме да му најдеме“, изјави Ренато.
Според најавите, следна станица на Суарез ќе биде Интер Мајами каде што повторно ќе игра заедно со неговите добри пријатели Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.