Дома Кошарка Готово: Крај на сезоната во Евролигата!

Готово: Крај на сезоната во Евролигата!

Сезоната во Евролигата и Еврокупот е откажана поради пандемијата со коронавирусот.

Жорди Бартомеу, првиот човек на Евролигата им предложи на клубовите да ја откажат сезоната во најсилното кошаркарско натпреварување, а со тоа се согласиле и клубовите со А лиценца.

Изгледа дека меѓу клубовите не владее желба сезоната да заврши, а исто така и играчите се против тоа да се игра.

Медиумите пренесуваат дека нема да биде прогласен шампион и дека истите 18 клуба и следната сезона ќе играат во Евролигата. Наскоро се очекува официјална потврда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Рајт испиша клупска историја во Милано со две врзани евролигашки признанија

Македонскиот центар е првиот кошаркар на Милано со две последователни МВП-награди во Еврол…