Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Интер е на чекор до првото засилување за следната сезона.
Станува збор за гоманот на Ајакс, Андре Онана, кој на крајот на сезоната ќе биде слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговиот договор истекува во јуни 2022 година, а тој уште во јануари ќе потпише преддоговор со „нероаѕурите“.
Наводно двете страни постигнале комплетен договор, а 25-годишниот голман ќе стави потпис веднаш после завршувањето на Африканскиот куп на нации.
Интер во него гледа идеален наследник за Хандановиќ, кој е на залез на кариера, а предност е што ќе добие квалитетен голман бесплатно.