Дома Трансфер зона Готово: Интер го договори најголемиот аргентински талент!

Готово: Интер го договори најголемиот аргентински талент!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер ги договорил личните услови со напаѓачот на Расинг и еден од најголемите таленти во Аргентина, Лаутаро Мартинез.

Спортскиот директор на „нероаѕурите“, Пјеро Аусилио отпатува во Аргентина, а медиумите тврдат дека е блиску до постигнување на договор со Расинг околу отштетата која најверојатно ќе изнесува 23 милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


20-годишниот напаѓач беше на радарот на многу европски гигнати, меѓу кои Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, но Интер ја доби трката за неговиот потпис.

Мартинез треба да пристигне во Интер на лето и ќе потпише 5-годишен договор.

Синоќа спортскиот директор на Интер го гледаше во живо напаѓачот против Хуракан, и имаше што да види, Мартинез постигна хет-трик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мајката на Мбапе за неговата иднина: Сите знаете кој ќе биде негов следен клуб

Килијан Мбапе го потврди своето заминување од ПСЖ и за нештго повеќе од еден месец ќе биде…