Крај на сагата околу иднината на Марсело Брозовиќ (30), кој дефинитивно се сели во Саудиска Арабија.
Хрватскиот фудбалер сакаше да замине во Барселона, го сакаше и каталонскиот клуб, но на крајот финансискиот фер-плеј спречи се, па неодамнешниот првотимец на Интер ја прифати понудата на Ал Наср!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Искусниот играч за врска ќе стане соиграч со Кристијано Роналдо, ќе потпише тригодишен договор и ќе инкасира точно 100.000.000 милиони евра плата и бонуси. Тоа е пет пати повеќе отколку што заработуваше досега во италијанскиот клуб.
Иако трансферот беше најавен минатата недела, кога „неро-аѕурите“ ја прифатија понудата од 23 милиони евра за обештетување, се беше стопирано бидејќи Брозовиќ го чекаше актуелниот шпански шампион.
Имаше намера да продолжи да игра на Камп Ноу, а тренерот Чави Ернандез го гледаше како идеална замена за Серхио Бускетс.
Затоа Каталонците се обидоа да продадат некого до 30 јуни поради финансиски фер-плеј, кандидати беа Кеси, Торес, Фати, Ленгле, но ништо од тоа не се реализираше.
Кога загрепчанецот сфатил дека од Барселона нема ништо, прифатил да го облече дресот на Ал Наср. Една од клучните улоги во овој бизнис имаше неговиот сонародник Горан Вучевиќ, директор на клубот од Ријад.
EXCLUSIVE: Marcelo Brozović says yes to Al Nassr proposal, here we go! Verbal agreement reached, waiting to sign all the contracts. 🚨🟡🔵🇸🇦 #AlNassr
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 29, 2023
Understand he will undergo medical tests on Friday and then final check to the contracts.
Deal will be valid until June 2026. pic.twitter.com/AGgQZRrcIl