Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона ја заврши потрага по напаѓач, после повредите на Луис Суарез и Осман Дембеле.
Каталонците не успеаа да купат „деветка“ во зимскиот преоден рок, а после повредата на Дембеле Фубдалскиот Сојуз на Шпанија им дозволи да направат вонреден трансфер надвор од преодниот рок. Условот е играчот да биде регистриран во Фудбалскиот сојуз на Шпанија, што значи дека не можат да доведат играч од друго првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со Барселона се поврзуваа многу имиња, но разбирливо е дека клубовите тешко ги пуштаат своите играчи на средина од сезоната, па така многу клубови ги одбија понудите од Каталонците.
„Мундо Депортиво“ денес објавува дека Барселона конечно пронашла напаѓач, а станува збор за Мартин Брајтвајт, кој моментално игра во Леганес.
Брајтвајт до сега запиша 24 настапи за Леганес на кои постигна шест гола, а Барселона за неговиот потпис ќе плати 18 милиони евра.
Il sostituto di Suarez e Dembélé è Martin Braithwaite: arriva al Barcellona dal Leganes ✍️https://t.co/qlzaIXc1Ro
— Goal Italia (@GoalItalia) February 19, 2020