Дома Трансфер зона Готово: Барса го донесе првото засилување!

Готово: Барса го донесе првото засилување!

Каталонските медиуми денес потврдија дека Барселона ги завршила сите детали околу првото засилување за следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за шпанскиот репрезентативец и продукт на школата на Барселона, Жерар Делуфеу, кој пред неколку години беше продаден во Евертон.

Во неговиот договор имаше клаузула дека Барселона може да го врати на „Камп Ноу“ за 12 милиони евра, а денес „Мундо Депортиво“ потврди дека Каталонците ја активирале клаузулата.

Делуфеу псоледните 6 месеци ги помина на позајмица во Милан и блесна во Серија А, па неговата вредност во моментов е многу поголема од 12 милиони евра.

Сеуште не е јасно дали Барса ќе го задржи Делуфеу во своите редови, или ќе го продаде во летниот преоден рок па ќе заработи на неговата продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…