Астон Вила ја доби битката за Дерби на „Вембли“ (2:1) и успеа да избори пласман во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој натпревар важеше за највредниот во светот на спортот бидејќи самиот влез во Премиер лигата значи и заработка од неверојатни 170 милиони фунту, преку учеството во елитното англиско фудбалско натпреварување.
Денешниот дуел ќе биде во знакот на големите пријатели Френк Лампард и Џон Тери, а на крајот победник испадна Тери кој е помошник на Дин Смит во Астон Вила.
Во самата завршница на првиот дел Ел Гази постигна гол за водство на Астон Вила, а на почетокот на вториот дел Џон Макгин го зголеми водството.
Осум минути пред крајот Мартин Јагхорн намали на 2:1, но Дрби намеше сили да го однесе мечот во продолженија.
Покрај Астон Вила, претходно пласман во Премиер лигата обезбедија екипите на Норвич и Шефилд Јунајтед.