Како што пренесуваат германските медиуми, трансферот на Торган Азар во Борусија Дортмунд е договорен и наскоро се очекува официјализација.
Белгиецот игра фантастична сезона во Борусија Мехенгладбах, но побара од раководството да му дозволи трансфер ова лето, а германските медиуми пренесуваат дека таа желба ќе му биде исполнета.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За Торган Азар интерес покажаа неколку европски гиганти, но Белгиецот ќе остане во Германија и кариерата ќе ја продолжи во Борусија Дортмунд.
Германските медиуми пренесуваат дека двата клуба веќе го договориле трансферот, па Дортмунд за неговиот потпис ќе плати 40 милиони евра.
Азар треба да биде замена за Кристаин Пулишиќ кој во јануари беше продаден во Челзи, а на лето ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“.
https://youtu.be/cMC6n3445uo