Дома Трансфер зона Готово: Азар се сели во Борусија Дортмунд

Готово: Азар се сели во Борусија Дортмунд

Белгискиот репрезентативец Торган Азар во наредните денови и официјално ќе се пресели во редовите на Борусија Дортмунд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


26-годишниот Торган Азар има фантастична сезона во Борусија Мехенгладбах и за него интерес покажаа многу европски клубови, но тој реши да им се придружи на „милионерите“.

„Ги договорив личните услови со Борусија Дортмунд. Наскоро ќе биде се готово“, потврди Азар.

Тој помина пет години во редовите на Мехенгладбах и на лето влегува во последната година од договорот, а Дортмунд за неговиот потпис ќе плати 30 милиони евра.

Останува да се договорат последните детали и наскоро се очекува официјализација на трансферот.

Азар би требало да биде замена за Џејдон Санчо, кој е на мета на неколку европски гиганти и најверојатно ова лето ќе го напушти Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…