Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро донесол конечно решение за својата кариера.
Договорот на Аргентинецот со Манчестер Сити истекува на лето, а според последните информации 32-годишниот напаѓач одлучил кариерата да ја продолжи во Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Агуеро веќе имал разговори со раководството на Каталонците и останал импресиониран од нивната понуда. Тој веќе им соопштил на своите блиски дека се сели на „Камп Ноу“.
Интерес за Агуеро имаше и од други европски гиганти, но напаѓачот донел конечна одлука и ќе игра за Барселона.